„Верораб“ вкацина има

Општа болница Охрид ја смирува јавноста. По неодамна објавените информации дека нема „Верораб“, вакцина против беснило од таму излегуваат со потврда дека истата ја има и покрај тоа што чини доста скапо.

 |  Николовска Биљана  | 
Verorab
Верораб

Општа болница Охрид ја смирува јавноста. По неодамна објавените информации дека нема „Верораб“, вакцина против беснило од таму излегуваат со потврда дека истата ја има и покрај тоа што чини доста скапо.

Saso VasileskiОпштата болница располага со соодветна вакцина за заштита на населението доколку дојде во контакт со животно кое би можело да биде носител на беснило. Со цел да нема недоречености во врска со неодамна објавените натписи по медиумите дека во општа болница нема вакцина против беснило, портпаролот на општа болница Охрид Сашо Василески изјави.

„ Ве уверувам дека нашата болница ги има истите вакцини може и да ги погледнете тоа е „Верораб“, значи тоа е вакцината против кучешко беснило да биде појасно  и се работи за регистрирани вакцини во Р. Македонија“

Во Р. Македонија последниве 4 години не е регистриран случај на беснило. Затоа порелаксирано се оди со набавката на вакцината, и можеби заради тоа настанаа одредени недоразбирања дека нема вакцина појасни Василески.
Болницата е обврзна да ги има сите лекарства кои се неопходни за непречено работење веки Василески. Па така и оваа доста скапа вакцина оди на терет на болницата и тоа не само во случаи кога се работи за каснување од куче. Василески изјави дека беснило може да се добие и од дивите животни вклучувајќи го тука и лилјакот. Во моментов место за паника нема беснило во земјава одавмна не е регистрирано.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top