Верификувани мандатите на новите членови на Советот на општина Охрид

Претседател на Советот ќе се избира на наредната седница.

 |  Мишел Наумоски  | 
prva sednica sovet
прва седница совет

Се одржа конститутивната седница на новиот општински совет. Традиционално, најискусниот член на советот, овој пат советникот Љубомир Чаулев, ја имаше честа да ја води оваа свечена седница. Најпрво беа избрани членовите на верификационата комисија. Токму на предлог на советникот Чаулев, за претседател на комисијата беше избран Иљат Ибраим од Демократската партија на Турците, додека за членови на комисијата беа избрани Томислав Тунтев од СДСМ и независниот советник, Павел Попоски. По потпишувањето на мандатите и давањето на свечената заклетва, и официјално беше верификуван новиот состав на Советот на општина Охрид. Пред новоконституираниот совет, се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. Тој се заблагодари на поранешните советници за нивната досегашна работа и рече дека пред новиот совет стојат четири години на заедничка работа.

DPMNE sovetnici„Општина Охрид не може да биде место за импровизации во својот развој. Постојаните принципи на современо управување и донесување на одлуки мора да има една и единствена цел, а тоа е да одговори на модерните форми на менаџирање со општината и да овозможи подигнување на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Затоа очекувам сите предлози, програми и стратегии кои ќе бидат разгледувани и носени од овој состав, секогаш да имаат пред се, пред политичките и пред личните мотиви, една основна цел за која што сите ние сме овде, а тоа е да ја оправдаме довербата на граѓаните од кои го црпиме мандатот и најдобро да ги искористиме идните 4 години за да правиме добри дела за општината и за нашите сограѓани.“-рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески.

sovetnici opozicijaКако што е веќе познато, во новиот Совет на општина Охрид влегуваат носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ д-р Јованка Точко, потоа Дејан Паноски, Сашо Донев, Климент Шешоски, Илија Арнаудов, д-р Гордана Коњановска, Љубомир Чаулев од Социјалистичката партија, Јадранка Здравеска, Иљат Ибраим од Партијата на Турците, Ангел Јанев, д-р Славица Петровска и Коста Трифуноски. Опозициските советнички места ги зазедоа Проф. д-р Јован Стојаноски, Александар Калачоски од Вмро НП, Оливија Пирузева Јанева, Дејан Блажески ЛДП, Томислав Тунтев, Јоне Станкоски од ВМРО НП,  Жаклина Лазареска и Верица Хајба од НСДП, додека како независни советници во новиот состав влегоа Павел Попоски, Љупчо Настоски и Кујтим Усеини.

На денешната конститутивна седница не беше избран нов претседател на градскиот совет. Љубомир Чаулев рече дека тоа најверојатно ќе се случи на наредната седница на советот на Општина Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top