Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.
Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.
Осми пат по ред, над 400 верници се собра во Лагадин да го одбележат верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.
Палејќи свеќи во малата црква, изградена 2000 година на брегот на езерото, тие се помолија за здравје, љубов и благосостојба.
„Се слави верата, надата, љубовта кон ближните. Од сите најголема е љубовта која останува вечна“ – порача отец Анастас Казанџиски.
Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред осум години по иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. Тогаш, по повод 2.000 години од христијанството Патче како ктитор ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро.
Традиционално со собраните пари им се помага на болните и изнемоштените лица.
„Годинава, ќе бидат донирани за доизградба на црквата кај градските гробишта. Апелирам до сите да помогнат и оваа црква што поскоро да биде доизградена, се надевам уште идната година“, вели Љупчо Патче.
Патче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Првата година присуствуваа 30- на гости, а сега на мое задоволство, нивниот број е многу поголем- коментира Патче.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град