Велосипедската полициска патрола при СВР-Охрид, велосипедските клубови и граѓани ентузијасти ќе возат велосипед во рамки на кампањата „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што се реализира низ целата република.
Велосипедско дефиле за подигнување на безбедноста на велосипедистите, промоција на велосипедизмот, подобрување на можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата активно се вклучува во кампањата за поголема безбедност на велосипедистите. Утре, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, велосипедисти од школските центри, велосипедските клубови и граѓани вљубеници во велосипедизмот ќе возат велосипед низ градските улици во знак на поддршка на републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“. Дефилето започнува утре, во 11 часот и 30 минути од пред платото на Домот на култура на кеј „Македонија“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град