Велосипедска патека на улицата 7-ми ноември предлага „Чист Охрид“

„Чист Охрид“ предлага велосипедска патека на улицата „7ми Ноември“.

 |   | 

„Чист Охрид“ предлага велосипедска патека на улицата „7ми Ноември“.

„Улицата „7 ноември“ од кружниот тек кај Центарот за возила Охрид, па сѐ до комплексот Отекс, од двете страни располага со две пешачки површини меѓу кои има зеленило. Веројатно во минатото биле замислени како за пешаци, така и за велосипедисти. Делот кој е веднаш до улицата е идеален за велосипедски патеки, по примерот на булеварот „Туристичка“, но и по примерот на други градови каде има слични решенија.

„Како неформална еколошка организација, чија примарна заложба е унапредувањето на животната средина, во што се содржи и унапредување на условите за велосипедистите, Чист Охрид бара Општина Охрид да ја разгледа и реализира ваквата идеја. Моменталната состојба на тротоарот е лоша, па оттука првично би била неопходна негова поправка и уредување, а веднаш потоа и фарбање, како и соодветно нивелирање и уредување на рабниците согласно стандардите за градење велосипедски патеки. Должината на целиот овој простор во една насока е нешто над 700 метри или околу 1 километар и 400 метри од двете страни, што би значело дополнително зголемување на должината на велосипедски ленти во градот. Очекуваме одговор и мислење од Општината за ваквата идеја и стоиме на располагање за нејзино дополнително елаборирање“ – стои во соопштението на „Чист Охрид“. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top