Охриѓани го слават Велики Четврток

Вапцување на јајца на Велики Четврток

 |  Маленкова Татјана  | 
jajce veligdensko
јајце велигденско

Охриѓанката Лилјана Сотироска една од многуте наши сограѓанки кои од раните утрински часови ги вапцаа првите јајца. Потоа според обичајот и Сотироска го извади првото јајце да го види светлото на денот. Таа открива дека уште на Велики Вторник ја подготвува бојата и јацата кои треба да се вапцаат.  Објаснува дека со овој чин и во нивната куќа започнува да се чувствува предвелигденска атмосфера.

„Во нашава куќа и секаде најпрво се вапцуваат црвените јаца кои го симболизираат христиајнството, а тоа veligdenski jajca доаѓа од таму што Марија Магдалена кога го посетила починатиот Исус Христос, оставила неколку варени јајца. Утрото кога дошла да го посети забележала дека јајцата добиле црвена боја од неговата крв, таа се вчудоневидела и со нив тргнала да го шири христијанството. Затоа ние ги вапцуваме црвени јацата“, вели нашата сограѓанка Лилјана Сотироска.

Сотироска раскажува дека јајцата ги вапцува со различни бои, но според неа најдобро и најздраво е вапцувањето со бојата која се добива со лушпите од кромид.
Сотироска сликањето на јајцата го доживува како душевен одмор. Вели дека мотивите кои ги црта се најразлични а украсувањето на секое јајце и одзема по два три часа. На нејзината трпеза затекнавме мотиви од Христовото распетие, маж и жена кои тргнале на Велигден и тоа со изработени глави од тесто, а тела од јајце, потоа насликани разни цвеќиња и други растенија, животни. Секако овие мини уметнички дела не се за јадење, затоа што внатре се празни.

„Неможам точно да кажам околу колку време ми треба за да ги насликам јајцата. Можеби два до три часа за ukrasi veligdenskiедно. Тоа го правам обично навечер, затоа што треба трпение, смиреност“, додава Сотироска.

Сотороска со нас ја сподели и тајната на добрата боја. Вели дека за да се погоди бојата треба да и се додадат неколку капки крстена вода и целата постапка да се изваде со љубов. Доколку домаќинките вапцуваат на овој начин тогаш  куќата секогаш ќе била бериќетна, додава Сотироска.

Таа е добитник и на многу награди за најубаво насликано јајце не само на конкурсите кои ги организираа Завод и музеј, црквата и радио Охрид, туку и надвор од нашиот град.  Во мноштвото награди најубава и најдрага за Сотироска е наградата „Св Ана„ мајката на Богородица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top