Велигденските празници ги наполнија охридските храмови и со верници и со туристи

Веќе четири години, постојано расте интересот за посета на галеријата на икони во црквата св.Богородица Каменско.

 |  Мишел Наумоски  | 

Велигденските празници ги наполнија божјите храмови во градов. Се палат свеќи, верниците се молат за здравје и среќа за нив и за семејството. Во овие последни денови пред веста за христосовото воскресение, свештените лица апелираат за уште помасовна посетеност, следење на светите богослужби за верниците вистински да го слават Бога.

„Слава му на Бога има, посетители има но сепак еве апелирам да не има што повеќе. Ни претстои огромна работа затоа што голем дел од луѓето во знаење или незнаење, свесно или несвесно сепак неискрено пристапуваат и доаѓаат. Овие свети и спасителни денови се за нас и навистина не можеме да ги почувствуваме ако не дојдеме во црквата. Нашиот народ е верен, длабоко вкоренет во верата, тоа е нашиот етос, начинот на живеење. Како што нашите предци не научиле, но сега поради одредени околности, самиот начин на живеење, темпото на живеење знае да не оттргне од црквата, и од животот во црквата.“-вели отец Димче Азески од црквата „Успение на Пресвета Богородица“-Каменско.

Покрај домашните верници кои ги посетуваат храмовите во Охрид, се почести посетители се и туристите кои се запознаваат со културното богатство кое го поседуваат црквите. Едно од попосетените места е токму црквата „Св.Богородица-Каменско“ во чии рамки веќе неколку години постои галерија на вредни икони.

„Веќе еве четири години каде што таа галерија опстојува и работи, од година во година се забележува поголем интерес, веќе организирани групи има, доаѓаат ја посетуваат, и навистина тоа и ме радува затоа што на тој начин го покажуваме она богатство што го имаме.“-рече отец Димче.

Тој вели дека и другите цркви во Охрид поседуваат вредни збирки, но тие допрва треба да се проучуваат и објавуваат. Инаку, оваа галерија беше отворена во 2012та година, по повод 180годишниот јубилеј од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во галеријата на црквата „Св.Богородица-Каменско“ се поставени 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top