Велигденскиот турнир во мал фудбал ,„Охрид 2010“ и оваа година во организација на Јавното претпријатие „Биљанини извори. Интересот е огромен.
Турнирот од година во година прераснува во традиционален. ЈП „Биљанини извори“ во склоп на своите активности го организира турнирот во мал фудбал, „Охрид 2010“. Организаторите очекуваат учество на екипи не само од Охрид, туку и од соседните градови, Струга и Ресен.
„Бројот на екипите кои ќе учествуваат на турнирот ќе биде дефиниран деновиве. Од ЈП „Биљанини извори“ ќе се погрижат да бидат обезбедени сите потребни услови, истакнува директорот“, Илија Каневче.
Турнирот започнува на 17-ти март, а самото финале би требало да се одржи за велигденските празници. Пријавувањето на учесниците е до 10 март, што значи дека на заинтересираните им остануваат уште два дена за да го потврдат своето учество на турнирот. На турнирот ќе судат лиценцирани судии од првата и втората фудбалска лига.
„Учеството на турнирот изнесува 5000 денари, средства со кои ќе се надополни наградниот фонд и подобри организацијата на турнирот“, потенцира Каневче.Што се однесува до финансиската конструкција, поголем дел од средствата ќе бидат обезбедени преку спонзори. Носител на организацијата е Јавното претпријатие „Биљанини извори“. За спонзорите ќе биде обезбеден простор на спортската арена каде ќе можат истите соодветно да бидат претставени. Од година во година овој турнир прераснува во традиционален, а од спортската сала се надеваат дека од следната година на него ќе земат учество екипи од целата држава.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град