Величе Маркоски застана на страна на ВМРО ДПМНЕ

Советничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Atanasko Mihailov i Velice Markoski
Атанаско Михаилов и Величе Маркоски

Atanasko Mihailov i Velice MarkoskiСоветничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.
„Чест ми е што ќе бидам дел од советот на општина Охрид. Мојата основна цел ќе биде да ги застапувам интересите на сите граѓани без разлика на нивната политичка и верска припадност“, истакна советникот Величе Маркоски.
Маркоски и покрај тоа што на изборите беше кандидиран како независен кандидат, признава дека е член на ВМРО ДПМНЕ уште од 1990 год. Тој додава дека токму од оваа партија бил предложен  за кандидат за градоначалник на општина Дебарца и дека како член на ВМРО ДПМНЕ повеќе години бил член на комисија за здравство. И покрај притицоците кои ги имав небиможел да пристапам на друга партија, освем на ВМРО ДПМНЕ, додаде Маркоски.

„Во  советот влегов како член на назависна листа. Не од некои други причини туки сакав сакав на некои моќници кои не веруваа во моите квалитети да им докажам колку луѓе познавам кои ме почитуваат, ме ценат. Без притисоци не може да се замисли во денешно време, ги имав и ќе ги имам, но мислам сека ќе ги тргнам“, вели советник од ВМРО ДПМНЕ, Величе Маркоски.

Координторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски рече дека визијата на советничката група на оваа партија е Охрид да оди натаму и при тоа истакна дека тие како партија ќе даваат подршка на се што е позитивно и на се што е во интерес за развој на Охрид.

„ Сакам да го изразам огромното задоволство што со Маркоски, во советничката група  добивме не само квантитет туку и квалитет. Се надевем дека ќе ни помогне во борбата против урбаната мафија и деградацијата на Охрид“, вели координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

И претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ задоволен што советничката група на оваа партија доби уште еден  приврзаник кој ќе ги застапува интересите на оваа советничка група.

„ Со своето работење ќе продонесе се она што му се случуваше на Охрид да живее од туризам и да престанат сите деградации на овој град“, вели претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

На денешната пресс конференција новоназначениот советник Величе Маркоски ја искористи можноста да им се заблагодари на сите граѓани кои го дале својот глас за него. При тоа тој не пропушти да каже дека првично советничкиот мандат му бил одземен на нечесен начин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top