СДУ во Охрид ќе се фокусира на Советот.
„Одлучивме натпреварот за градоначалници да им го препуштиме на другите, а ние да се фокусираме на Советот“, истакна на денешната прес – конференција Веле Митаноски, носител на советничката листа на охридската социјал демократска унија.
Нивната цел е преку советот да ја унапредуваат локалната самоуправа и граѓанските интереси истакна Митаноски. Тој потсети на локалните изборни случувања од пред 4 и 8 години и потенцира дека не сакаат да бидат дел од можно, по трет пат спроведено сценарио. Сакаме фер и демократски избори пред се, од аспект на нашите евро- нато аспирации. Охрид треба да предничи во созадавњето на една позитивна атмосфера . СДУ и јас ќе дадеме максимален придонес и со ниту еден потег нема да го загрозиме изборниот процес. Напротив, ќе иницираме процеси кои ќе значат ново достоинство и на градот и на земјата во целина , истакна Митаноски.
Претседателот на СДУ, Марко Спасески ги престави програмските начела, визии и идеи за локалните избори. При тоа кажа дека партијата има мотив и сила да ги измери сопствените капацитети во изборното соочување меѓу останатите политички конкуренти.
ОО на СДУ го престави и кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Димче Андрески. На Прес -конференцијата беше потенциран партискиот став дека на овие локални избори, СДУ во општините каде што немаат свој преставник нема да подржат во првиот круг ниеден кандидат за градоначалник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град