Вечерва започнува „Охридско лето“

Вечерва на Античкиот театар свечено отворање на 61-то издание на Фестивалот Охридско лето. Отворањето е резервирано за грандиозниот проект „Големиот Чајковски” во изведба на Националната опера и балет. Најпрестижната културно сценска манифестација во земјава годинава ќе трае редовни 40 фестивалски денови, а ќе понуди богата музичка и драмска програма.

 |   | 

Со проектот „Големиот Чајковски”, Националната опера и балет вечерва на Античкиот театар свечено ќе го отвори 61-то издание на фестивалот „Охридско лето”. Спектакуларниот проект, како што го најавуваат организаторите е составен од балетската трилогија „Лебедово езеро” „Оревокршачка” и „Заспаната убавица”, како и извадоци од балетот „Ана Каренина” и од операта „Евгениј Онегин”. На сцената ќе учествуваат над 90 уметници, а диригент е Бисера Чадловска. Приоритет во годинешната програма на фестивалот  се македонски уметници кои имаат светска слава, нашите национални оркестри и театарски куќи.

-Оваа година почнуваме традиционално на 12 јули за разлика од лани кога не дозволуваше пандемијата со корона вирусот. 40 фестивалски денови богата програма многу уметници пред се наши од нашата земја. Наши ументици кои што живеат надвор, исто така странски уметници од многу земји од Европа па дури и од Америка спремни сме, повеќе од 400 уметници ќе настапат на сцените на фестивалот „Охридско лето”.-вели Наташа Поповиќ.

Иако сѐ уште трае здравствената криза, фестивалот ќе се одржува во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август. И покрај рестрикциите кои некои земји ги воведуваат поради ширењето на делта сојот, засега нема откажувања од страна на ументиците.

Сеуште немаме никакви откажувања, немавме ни минатата година, а се надевам дека тоа ќе остане така уметниците се подготвени и желни да дојдат да настапат да го остварат својот концерт или својата театарска претстава.-додава Поповиќ.

Најпрестижната културно-сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско лето и годинава ќе понуди богата музичка и драмска програма. На сцените на Антички театар, Долни Сарај и предворјето на катедралната Света Софија ќе се одржат 34 концерти со врвни уметници, а ќе настапат и над сто театарски работници.

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top