На кинеската вечер на фестивалот, насловена како „Музиката на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски.
На кинеската вечер на фестивалот, насловена како „Музиката на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски.
Деведесет кинески музичари од симфонискиот оркестар на Шенжен, Народна Република Кина, вечерва ќе ја имаат честа да бидат уметниците кои последни ќе настапат како дел од музичкиот дел на програмата на 54-то „Охридско лето“. Покрај изведбите на „Ода на човештвото“ на кинеските композитори Ван Нинг, и „Љубители на пеперутки“ на Чен Ганг, и безвременската 5-та симфонија на Петар Илич Чајковски, како вистински куриозитет на вечерта е најавата на нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски. Гордана Јосифова Неделковска музичкиот селектор на фестивалот, го истакна задоволството од ваквата афирмација на делата на големите македонски композитори.
„Недовршената рапсодија на од напиот голем македонски композитор, професорот Томислав Зографски, со што фестивалот „Охридско лето“ го одбележува големиот јубилеј 80 години од неговото раѓање.Секогаш сме горди кога успеваме во реализација на идејата македонските дела да бидат изведени не само од нашите изведувачи на фестивалот, туку и од странски уметници а особено како што е тоа вечерва од голем симфониски оркестар“ изјави Неделковска.
Симфонискиoт оркестар на Шенжен е формиран во 1982 година. По успешното деби во 1985 година, оркестарот се изгради во реномиран уметнички колектив кој има на репертоар повеќе од 80 симфонии и повеќе од 100 прочуени оркестарски дела на кинеските и странските композитори. Чен Чуансонг – раководител на Симфонискиот оркестар на Женшен, вети дека македоснкото дело кое ќе го изведуваат ќе биде дел од нивниот редовен репертоар.
„Од името на целиот оркестар изразуваме огромна почит, и благодарност кон македонскиот композитор ТомислаВ Зографски и неговата сопруга и ни е особено драго што ќе имаме можност за прв пат во кариерата на постоењето на оркестарот, да изведеме едно македонско дело, кое го работевме и подготвувавме со голема љубов и секако дека ова дело ќе биде вклучено во нашиот редовен репертоар и ќе го изведуваме насекаде низ светот каде изведуваме“ рече Чуансонг.
Од 1987 година, оркестарот почнува активно да настапува на концертните и фестивалските подиуми во Кина и во другите азиски и европски земји со над 100 концерти годишно. Оркестарот успешно соработува со реномираните композитори Етих Кунцел и Taн Дун, како и со прочуените изведувачи Ланг Ланг, Mидори, Хозе Карерас и многу други.
Вечерва со симфонискиот оркестар на Женшен ќе раководи младиот кинески диригент Лин Даје кој Диригирал со најголемите оркестри во Кина на најзначајните фестивали и концерти, а од септември 2010 година работи како главен диригент на симфонискиот оркестар во Гуангзу (Кина).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град