„Вдиши театар“ по четврти пат во Охрид

Три претстави годинава се дел од Аматерскиот младински театар „Вдиши театар“ кој и годнава традиционално ќе се одржи во Охрид од 1 до 4 ти јуни. Младите охридски актери со нетрпение чекаат да се претстават со драмата „Багаж“, за која интензивно се подготвувале месец и половина.

 |  Николоска Биљана  | 

Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц.

„Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна дестинација но имаат различна приказна…имаат различен багаж на нивните плеќи “ – велиВесна Терзиоска 

Младата и талентирана аматерска актерка Поликсена, Ена Тунтева, од самиот почеток на фестивалот па се до денес е дел на „Вдиши театар“. Ена вели дека драмите и претставите се нешта кои и лежат на срце, но не би ги одбрала за нејзина професија, туку ќе останат како нејзино хоби.

„Годинава ја играм една од главните улоги во претставата „Багаж“, Соња е мојата улога, возрасна жена која поради икс причини заминува од Македонија и нема да откривам многу детали, ќе видите утре што ќе се случува и како ќе се разоткрие нејизното минато длабоко закопано и 15 години недопрено мислам дека е претстава за сите возрасти ќе ви се допаден“.

Јован Цветкоски кој исто така е дел од Аматерски младински театар „Вдиши театар“, вели дека годинава улогата во драмата „Багаж“ му легнала на срце.

„Играм еден лик со кој можам многу да се поврзам тоа е еден студент кој е на крајот од своите студии и бара подобра иднина за својот живот. Но не се знае дали тука ќе ја најде таа иднина добра. Улогата е тешка бидејќи често кога ќе се поврзеш со еден лик ти се чини дека е лесно, но кога ќе ги извадиш вистинските емоции на сцена тоа е уште потешко“.

Во рамки на Аматерскиот младински театар „Вдиши театар“ годинава покрај „Багаж“, љубителите на драмската уметност ќе можат да ги гледаат и драмите „Разбуди се и биди тука“, од актерите од Бар и „Руски Рулет“ од младите од Крагуевац. Влезот за сите претстави е слободен и сите претстави се со почеток во 20 и 30 минути во предворјето на Црквата Св. Софија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top