Важен момент за Охрид

Претставници  на УНЕСКО во декември во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Претставници  на УНЕСКО во декември во Охрид. Повод за тоа е готовиот нацрт план за управување со културното и природното наследство на Охрид. Новина е што член на Националната комисија на УНЕСКО е Дејан Паноски.

Ohridsko ezeroДва готови производи на една маса, нацрт планот за управување со културното и природното наследство на градот и нацрт на законот. Дејан Паноски поставен пред нова работна задача, член на Националната комисија на УНЕСКО. Паноски во име на новата обврска изјави дека конечно се става рамка на се она што смее да му се случува на Охрид, а што не смее.
Претставници од УНЕСКО ќе бидат присутни во Охрид, додека се усвојат сите забелешки и предлози, вели Паноски. Тој додава дека нацрт планот за управување, веќе даден е на коментар на регионалните локалните самоуправи и на институциите надлежни за тоа. Се чека зелено светло од Владата. Очекувањата на Паноски се дека со ова ќе се стави ред на низата негативности што го засегаат Охрид.
Сите информации кои се однесуваат на управување со културното и природното наследство на Охрид со новиот закон и нацрт план ќе се анализираат на Национално ниво, со тоа што се вклучува и институција која што е дирекно во Охрид и која што се занимава дирекно со заштитата на животната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top