Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари, кажа на прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари. Истите ќе можат да се употребат за купување на основните производи, истакна на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Тоа се ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци, за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основните производи – рече Ковачевски.
Освен тоа, ДДВ-то за основните хранителни продукти се намалува од 5% на 0, соопшти Ковачевски. Како што кажа тој мерката се однесува на основните хранителни производи.
Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се: леб, шеќер, брашно тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите за основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме создавање на наднормален профит, а ќе се ублажи ценовниот шок врз одредена категорија прехранбени производи – кажа Ковачевски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град