Васви Доко, кандидат на Нова Демократија

Васви Доко е кандидатот за градоначалник од Партијата Нова Демократија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vasvi Doko
Васви Доко

Охриѓанецот, Васви Доко е роден на 27 јануари 1960 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а факултет  за безбедност во Скопје. Работи како универзитетски професор на Државниот универзитет во Тетово. Тој е семеен човек, кој 21 година е во брак со Џемиле и е татко  на три деца.  Едона е студентка, Касам е матурант  и најмалиот четиригодишниот Диел е миленик на сите во семејството.

Васви Доко е вљубеник во фудбалот и е претседател на ФК Воска, ги  сака боречките вештини, ловот и риболовот, а особено ја почитува  природата. Од Охрид би сакал да направи модерен град. Покрај летниот туризам има визија за  изградба на скијачки  центар на Галичица, со што  Охрид би живеел од туризмот 12 месеци. Со тоа би се намалила невработеноста, а  нашите кои се во странство би се вратиле дома и би  вложувале тука вели Доко.

Vasvi DokoПотенцира дека особена чест му е што оваа кандидатура ја добил од партијата Нова демократија. Има една нова визија за живеењето во Охрид. Смета дека не треба да се останува на досегашните стереотипи. Со изборите на 22 март, доаѓа нова пролет и една нова етапа за развој на Охрид. Граѓаните треба добро да размислат на кого  ќе ја дадт својата доверба додава  тој.  

Васви Доко сака да го види Охрид како еден светски центар како оние што често ги посетува. По природа сум човек кој сака да патува , да ги осознава културите и обичаите на другите луѓе за потоа да направам компарација и да заземам прогресивни ставови во моето живеење и околина, вели кандидатот за градоначлник на Партијата Нова демократија.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top