• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Василевски: „Со наградата Григор Прличев го заокружувам моето четири децениско творештво“

Василевски: „Со наградата Григор Прличев го заокружувам моето четири децениско творештво“

На свеченоста посветена токму на лауреатот, уметнички беа изведени и стихови од наградената поема на Василевски.

 |  Мишел Наумоски  | 
laureat
лауреат

Со уметничка изведба на поемата „Азбукословецот“, денес во свечена атмосфера беше доделена наградата „Григор Прличев“. Претставници од културниот, политичкиот живот, гости, уживаа во звуците на хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“.

nagrada PrlicevДобитникот на наградата „Григор Прличев“, Иван Василевски, годинешниот лауреат, ја потенцираше врската помеѓу светиот Климент и ловороносецот, Прличев како и животното мото на Прличев „Совршенство или смрт“.

„Ова високо признание за мене претставува огромна чест и мотив повеќе да го заокружам моето четири децениско творештво со наградата што го носи името на великиот Григор Прличев кој пред повеќе до 150 години беше овенчан со ловоров венец на анонимниот конкурс во Атина и кој несомнено е еден од најголемите поети на македонскиот преродбенски 19ти век.“-рече лауреатот Иван Василевски.

Претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, вели дека со овој значаен конкурс години наназад му се укажува почит на големиот поет, Прличев.

Prlicev nagrada„Прличев бил инспирација за генерациите пред нас, е инспирација за нашата генерација и јас сум убедена ќе биде инспирација и ќе биде омилено четиво за генерациите кои доаѓаат. Овој конкурс и традиционалното доделување на оваа награда оди само во прилог на негување на таа традиција.“-вели претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска смета дека делото на Прличев и неговото животно мото „Совршенство или смрт“ се вечна инспирација за сите македонски писатели.

Ivan Vasilevski„Неговиот пркос како интелектуалец, како уметник, како патриот, како човек кој застанал на страната на немоќните, на поробените, како нераскинлив дел од народот и денес предизвикува восхит. Совршенство или смрт. Тоа е неговата поетска максима, тоа нека биде и инспирација за уметниците што доаѓаат по него, зошто уметноста и културата, убавината, им пркосат на сите времиња.“-изјави Драгана Боцеска-Директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Инаку повелбата и наградата за најдобра поема за 2013та година на авторот му ги доделува Просветно дело, а свеченоста посветена на лауреатот е помогната од Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. На денешната свеченост воедно беше објавен и конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2014та година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top