За десетина дена жителите на селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.
Селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Овој проект и проектот за асфалтирање на улиците во село Косел се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.
Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на ударните дупки на патот од село Косел до село Вапила и од Вапила до Ливоишта, до целосна изградба на потполно нов пат кон овие населени места што се планира за понатаму. Денeс овие две села ги посети и Градоначалникот Никола Бакрачески за да види со кое темпо се одвиваат работите. Toj се сретна со мештаните и поразговара за проблемите со кои се соочуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град