Вандалите поопасни од невремето

Обновен е дел од Мостот на желбите оштетен пред 10 –тина дена под налетот на силното невреме и високиот водостој на езерото. Поправката чинела околу 60.000 денари и била завршена за три дена.

 |  Валентина Неловска  | 
most na zelbite
мост на желбите

most na zelbiteОбновен е дел од Мостот на желбите оштетен пред 10 –тина дена под налетот на силното невреме и високиот водостој на езерото. Поправката чинела околу 60.000 денари и била завршена за три дена.
Охридскиот угостител Димитри Пендов, иницијатор за изградба на мостот,  истакна дека скоро 90% од поправките се завршени. Се очекува Мостот на желбите  повторно да биде пуштен во употреба пред  Велигденските празници.
Малите оштетувања на мостот ги отфрија сомнежите на поединци дека мостот на желбите не е солидно граден. Сепак, Мостот го издржа силниот јужен ветар и високиот езерски водостој нагласува Пендовски. Додава, несовесните граѓани беа  поголеми уништувачи на мостот во споредба со невремето. Вандалите  направија поголема матријална штета со оштетувањето на светилките поставени в длож мостот кажува Пендоски. По повтороното пуштање на мостот во употреба, Пендовски најавува  поставување на видеокамери. Општествениот имот ќе се штити со помош на видео надзор. Во иднина ќе се лоцираат и санкционираат несовесните уништувачи на  светилките додава тој.    

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top