Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“

ОУ „Григор Прличев“, често е мета на вандали. Утринава непознати сторители во дворот на училиштето запалиле оган од столиците и масите изработени од дрво, а настрадале и кантите за ѓубре. Директорката Силвија Мојсовска смета дека полицијата, треба да преземе поригорозни мерки кон ваквите уништувачи, бидејќи не е прв пат во училишниот двор да влезат хулигани и да дивеат. Од СВР, велат дека работат на пронаоѓање на сторителите и истите ќе бидат казнети.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против нив.

„Ние тоа се го пријавивме во полиција, дојдоа се направи увид, записник и се надеваме дека сторителите ќе бидат откриени. Нашето училиште многу често се среќава со вакви проблеми, сме апелирале повеќе пати, полицијата поминува но некако некои поголеми резултати за да се справи со сторителите нема“

Директорката ја прашавме дали може училиштето поради зачестените уништувања на инвентарот да постави своја чуварска служба, Мојсовска со став.

„За чуварска служба ние во моментов немаме можност да запослиме. Тоа е една поголема процедура каде треба да биде одобрено едно такво вработување, ние на ниво на град кога сме имале состаноци со службиве за безбедност сме апелирале дека можеби еден чувар добро е да ги чува, овде имаме повеќе образовни институции, гимназија, економско, градинката, ние…. значи 4 училишта може да ги обезбедува и една особа, но за тоа ние не можеме да одлучуваме

Директорката се надева дека во иднина ќе биде поставена чуварска служба која, ќе внимава во ноќните часови на училиштето, со цел да се избегне собирањето и дивеењето на неколку хулигани во градов, кои се настроени да го уништуваат општото добро.
Полицијата има одредени сознанија околу можните сторители на штетата во училиштето, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Додава дека секторот сериозно пристапува кон расветлување на ваквите инциденти.

„Исто така заначајно во репресивното делување е дека согласно Законот за прекршоци СВР Охрид поднесува прекршочни пријави против малолетни лица кои што ќе се најдат во училишните центри и го реметат Јавниот ред и мир, односно го нарушуваат нормалниот тек на наставниот процес. Ние во изминатата година сме поднесле 15 прекршочни пријави“

Како што пренесува Димоски, за дел од нарушувањата на Јавниот ред и мир, биле откриени сторители и против нив биле преземени соодветни мерки. Исто така не биле толерирани ниту случаите каде нивните службеници од учениците пронашле и одзеле алати за нанесување на повреди, ладно оружје.
СВР спроведуваше и проект „Полицијата и граѓаните заедно“ во кој полициски службеници ги посетувале училиштата, разговарале со директорите, педагозите, психолозите, наставниците, се со цел на одржување на стабилна безбедносна состојба во училиштата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top