Ванчо Костески реагира на случувањата во Н.П. „Галичица“

Ванчо Костоски член на Управниот одбор во НП „Галичица“, назначен од локалната самоупрва ,  укажува на постоење  елементи за сомнително работење во оваа установа.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
VMRO Narodna
ВМРО Нaродна

Ванчо Костоски член на Управниот одбор во НП „Галичица“, назначен од локалната самоупрва ,  укажува на постоење  елементи за сомнително работење во оваа установа.

Костоски тврди дека тука има вработувања  без направена систематизација. Сомнителни биле и некои финансиски трансакции, поради што  У.О. на шеснаесеттата седница со четири гласа за и еден воздржан донел одлука да се изврши ревизија на работењето на јавното претпријатие.

„Но, под силен притисок  таа одлука не се спроведе. Се изврши голем притисок врз членовите од У.О. кои го променија ставот со образложение дека одлуката е избрзана. Јас укажував дека не може никогаш да биде избрзано контролирање на јавна установа која нема финансиски да ја чини  ништо“, рече Костоски .

N.P. GalicicaТој упати обвинување  и до Владата. Кажа дека две години по одземањето на  корисничкото право на приватна фирма на три-четири  атрактивни парцели во комплексот Св. Наум, државата сеуште не ги има вратено  во владение на националниот парк.

„Владата се оглуши на нашите барања иако постои судска одлука за враќање во владение на парцелите на НП Галичица“ истакна Костоски.

Сега од НП Галичица, мора сами да обезбедат финансиски средства и се принудени  да сечат шума и да ја продаваат за  да опстанат вели Костоски. Тој го повика вицепремиерот Ставрески да се сретне со раководството на националниот парк Галичица и  да се реши проблемот со стопанисување на парцелите.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top