На 19ти овој месец започнува вакцинирањето против сезонски грип.
На 19ти овој месец започнува вакцинирањето против сезонски грип.
„Заинтересираноста кај населението е навистина огромна, велат од ЗЗЗ. Истото е крајно оправдано, поради фактот што резултатите од вакцината се покажаа како многу ефикасни“, вели првиот човек на заводот, Атанаско Михаилов.
„Минатата година имавме 1700 вакцини, а годинава, поради огромната побарувачка набавивме 3000“, велат од таму. „Хронично болните лица, како и оние кои се изложени на бројни контакти, се категорија на граѓани кои задолжително би требало да примат доза од оваа вакцина. Цената на вакцината за сезонски грип изнесува 400 денари. Свеста на граѓаните за вакцинирањето постојано расте, а бенефитот од него е се поголем. Тоа можам и лично да го потврдам, бидејќи искуството ми ја покажа разликата во клиничката слика на лицата кои примиле вакцина и оние спротивно од нив“, вели Михаилов.
„Регуларната вакцина за сезонски грип, и онаа за новиот вирус АХ1Н1 маѓусебно не се исклучуваат“, вели Михаилов. „Секоја е засебна, и има специфично поле на делување.
„Министерството за здравство на република Македонија“, до инфективната клиника во Скопје, досега достави 100 илјади вакцини против свински грип. Во декември ќе пристигнат уште 100 илјади, а наредните 600 илјади ќе бидат доставени во месец јануари. „За Охрид досега се обезбедени од 50 до 100 вакцини од овој вид. Превентивата е задолжителна, вели директорот, бид. клиничката слика од свинскиот грип е алармантна“.
Покрај овие вакцини, Министерството за здравство, прави напори да се воведе редовно вакцинирање против Хуман папилома вирусот, односно заштита од тумор на женските полови органи. „Оваа вакцина, препорачливо е девојчињата да ја примат пред почетокот на пубертетот“, вели Михаилов.
„Охридскиот ЗЗЗ поседува доволен број од сите видови вакцини, а доколку се пројави недостаток од било која, веднаш ќе набавиме, вели Михаилов, што значи нема место за паника“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град