Со вакцинa против грипот од типот А

Вакционирањето е  најефтиниот и најефикасниот начин на заштита и од новиот грип категоричен е  директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Вакционирањето е  најефтиниот и најефикасниот начин на заштита и од новиот грип категоричен е  директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.

svinjaПрвиот човек на Бирото нагласува дека тоа треба да е континуиран процес,  а државата треба да има кампања со која ќе ги едуцира граѓаните. Граѓаните немаат навика да се вакцинираат, па затоа лекарите  повикуваат на  масовна имунизација. Мината година се вакционирале 45.000 грашани, а годинава се  обезбедени 200.000 вакцини па негова желба е да се искористат сите.
Преземените строги мерки на граничните премини и на аеродромот досега дадоа позитивни резултати и не се откриени  заболени од новиот грип вели  епидемиологот д-р Јованка С.Коровешоска.
На исто мислење се и од Бирото за лекови. Директорот  Захариев смета дека Македонија во превентивата  е поорганизирана  и од поразвиените земји, а македонскиот народ е традиционално здрав со силен имунитет смета Захариев.   
Тој се приклучува кон апелот на лекарите,  граѓаните да не го земаат како превентива лекот Тамифлу на своја рака, затоа што организмнот без потреба станува резистентен. Додава дека државата има обезбедено доволни количини од овој лек некаде околу 57.000 ленти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top