Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип

Граѓаните во Охрид масовно се вакцинираат против сезонски грип. Набавените вакцини се веќе потрошени, но од Центарот за јавно здравје велат дека ќе набават нови.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vakcini
вакцини

 

Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните.vakcini

Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе нивното лекување, потенцира директорот на Центарот за јавно здравје.

Вакцината против сезонски грип е со врвен квалитет. Таа е набавена од Германија преку фармацефтската куќа Зегин. Ги задоволува сите нормативи и стандарди на СЗО. Затоа кај граѓаните нетреба да има никакви сомнежи околу нејзиниот квалитет, вели Михаилов. Тој апелира да се почитуваат советите од лекарите за заштита од грип бидејќи овие температурни разлики кои деновиве се застапени се идеални за појава на ова заразно заболување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top