„V Day“ со низа активности против насилството

Гордана Жура, Сандра Костадинова, Александра Симоска се дел од глобалното движење  „V Day“ , чија што главна цел е запирање на насилството врз жени и девојки.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gordana
Гордана Жура

Гордана Жура, Сандра Костадинова, Александра Симоска се дел од глобалното движење  „V Day“ , чија што главна цел е запирање на насилството врз жени и девојки. На почетокот од месец март организираат активности за  подигнување на свеста за семејното насилство. Оваа организација организира работилници, но и кампања на отворено кон крајот на Февруари, на која ке се делат флаери ке се едуцираат луѓето што е насилство, а ке има и активност наречена Напиши ја твојата приказна во која сите ке можат да напишат нивно искуство или искуство на некој нивен близок, а ќе се заврши со прикажување на филмот „Додека Насилството не запре“, и театарска претстава Вагинални Монолози.

„V Day“ е глобално движење за запирање на насилството врз жени и девојки. Промовира креативни настани за подигање на јавната свест, за собирање  финансиски  средства и кревање на моралот на организациите кои се борат против овој вид насилство.

Жура се жали дека како движење наидуваат на пречки кај институциите. Нивната понуда за соработка и покрај тоа што ја подржуваат сите, сепак во глобала ја  прифаќаат претежно поединци.

„Сметаме дека свеста за овој проблем е на многу ниско ниво. Најбитно е најпрво да се промени свеста кај младината, за потоа жртвите да имаат жраброст да проговорат за својот проблем“, додава таа.

Инаку трите македонки од „V Day“станаа дел од оваа организација за време на студискиот престој во САД, каде активно биле вклучени во волонтерски активности.

Идеи имаат многу, но и желба да ги реализираат. Се надевеме дека за скоро време сличен прокет ќе организираат и во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top