Узурпиран двор од зграда

Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување.

 |  Татјана Маленкова  | 
uzurpirano mesto
узурпирано место

Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување. Покрај ова, истиот го има узурпирано и дворното место од зградата. Проблем повеќе е што во заградениот дел остана и трансформаторот за струја“, вели членот од куќен совет Горан Мицковски.

„За узурпацијата ги имаме известено сите надлежни институции. Според моите сознанија градежниот инспекторат има изготвено соодветни пријави, поточно има донесено решенија за уривање на нелегалната градба. Но решенијата иако се донесени веќе две години, незнам зошто, сеуште не се постапува по нив“, вели Мицковски.

Mickoski Зошто е така треба да се види, но веќе е време овој хаос да престане. Ние како куќен совет излеговме сами да интервенираме, но кога видовме дека повторно се гради како што се гради на диво, за да не дојде до потешки инциденти бевме приморани да повикаме полиција. Беше полицијата да интервенира, сега работата е стопирана но меѓутоа гледајте се узурпира земјиштето, се узурпираа електричните уреди за цел комплекс на зградата телефонските централи …. и еднаш на ова треба да му се затане на пат“, вели Мицковски.

Мицковски раскажува дека како куќен совет реагирале и првпат пријавиле во СВР уште пред три години, кога за прв пат забележале случаи на вселување во подруми и во деловни простори. Тој вели дека од полицијата барале да утврди кои се луѓето кои привремено се сместуваат во подрумот и да утврди дали воопшто се жители на Охрид или пак се дојдени од друго место, како и да се провери на кој начин стекнале право да живеат во тие простории. „ До ден денес немаме информации дали е тоа проверено или не“, вели Мицкоски.

stanari„Ние и ден денес ние не сме добиле информација кои се луѓето и дали смее да се живее во зградата. Ова не е прва интеревенција. За се имаме навремено пријавено и инспекција секогаш излегуваше на време решенијата колку што знам се донесени за овие уривања, од февруари месец по новиот закон сега тоа е и кривично дело дивоградбите се кривично дело. Ако досега станарите можеле да се вадат на прекршочни или на било што сега се кривични дела, меѓутоа ние како куќен совет од сега против ваквите узурпатори ќе поднесуваме тужби“, вели членот на куќениот совет.

Контактиравме и со СВР Охрид. Од таму велат дека ќе направи посеопфатен увид во службените матријали поврзани со овој случај и ќе превземат соодветни мерки во рамки на нивните надлежности со цел да се реши овој случај.

ТВМ и понатаму ќе го следи овој случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top