UV-C ламба за дезинфекција на простории од вируси и бактерии доби Центарот за јавно здравје Охрид. Апаратот е донација од комапнијата ТЕСЛА ЛЕД ДООЕЛ Скопје. Директорот на Центарот, Сашо Точков изрази благодарност за шпаратот кој ќе им ја олесни работата и ќе ја зголеми безбедноста на здравствените работници и на граѓаните.
Центарот за јавно здравје Охрид доби мобилен UV-C стерилизатор за дезинфекција на простории како донација од компанијата Тесла Лед дооел – Скопје. UV-C ламбата од 150W може да дезинфицира од вируси бактерии и габи со ефикасност од 99,9%, простор до 30 м2 за 7 до 8 минути или 900 м2 за 3 часа.
„ Ете видовме дека Охрид навистина беше , ако може така да се каже, нападнат од туристи, и едноставно дојдовме на идеа во еден разговор, на некој начин да помогнеме на Охрид и ете тоа што можевме како донација да го направиме го направивме.
UV-C од 254nm се покажа како доста ефикасна за уништување вируси, посебно за ковид. Со самото зрачење покрај светлина испушта и озон што допринесува за поефикасно уништување на сите вируси и бактерии.“ – вели Еди Хашимбеговиќ – ТЕСЛА ЛЕД ДООЕЛ Скопје.
Директорот на Центар за јавно здравје, Сашо Точков изрази благодарност до компанијата Тесла лед затоа што го препознаа Охрид и Центарот, како што рече, како една институција која изминатиов период од 8 месеци е прва на удар со тестирањето и работа со ковид пациенти како регионален центар за тестирање за корона вирусот.
„ Оваа UV-C лампа многу ќе допринесе за посигурно работење пред се на здравствените работници но и на граѓаните кои што доаѓаат тука. Ќе ја користиме не само во Ковид пунктот туку и во микробиолошките лаборатории во Центарот за јавно здравје и секаде каде што има потреба за дезинфекција од бактерии и вируси.“ – Сашо Точков – Директор Центар за јавно здравје Охрид.
Главна дејност на компанијата ТЕСЛА ЛЕД е LED осветлување и светлечки тела но во пандемиајта со Ковид 19 посебно место во програмата зазедоа апаратите и лампите со UV-C светлосно зрачење за дезинфекција. Интересот за нив е голем од страна на приватни здравствени установи, приватни училишта, хотели, банки, велат од компаниајта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град