Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓанки, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“.
Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓани, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“. Жените од Кочани, Штип, Гостивар, Кичево и останатите градови во земјава покрај невеработеноста како заеднички проблем имаат и специфични кои им задаваат сериозни главоболки, вели Елена Грозданова, советник за родова еднаквост во Министерството за труд и социјална политика. Досега тие во соработка со НВО Антико имале средби со повеќе општински Комисии за еднакви можности за детектирање и решавање н а проблемите, но не се состанале и со Комисијата од охридската локалната самоуправа за да ги чујат проблемите на охриѓани.
Претседателката на Комисијаат за родова еднаквост при локалната самоуправа, Каролина Буџакоска признава дека не можат да се пофалат со поголема активност. Имаат усвоено акционен план за делување во кој приоритет се сузбивање на семејното насилство и грижа за стари лица .Немаа конктеретн одговор зошто не се поактивни во работата, но смета дека е потребна поголем едукација и на останатите советници за значењето на нивната Комисија.
Покрај заедничките проблеми пак како што се семејното насилство и невработеноста, жените од регионот на Охрид и Струга ги мачат и други проблеми, нагласува Олгица Апостолова член од истражувачкиот тим на Чекор кон родова еднаквост.Пред се станува збор за полова дискриминација при вработување, каде што стружанки биле на поголем удар. Исто така, загрижува податокот што расте бројот на жени корисници на социјална помош и нема економско јакнење на жената. На денешната конференција учествуваа голем број преставници од невладиниот сектор, од полицијата, од центарот за социјални работи, црвениот крст, советници- членови на Комисијата за родова еднаквост, асистенти на охридските пратеници. Нивата цел ќе биде лоцирање на проблемите за да може понатака тие институционално да се решаваат. Радува фактот што прецепцијата за родовата рамноправност како дел од човековите права се повеќе се прифатени од македонските граѓани велат експертите по оваа проблематика. Објаснуваат, проблемите повеќе не се третираат како женско прашње туку нешто што се однесува , и на мажите и на жените, а со тоа и на целото семејство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град