Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2020 година (среда), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град