Утре се одвива Владината акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “

Во текот на утрешниот ден ќе се одвива  владина акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “.

 |  Валентина Нелоска  | 
evropska cista Makedonija
evropska cista Makedonija

 

 Во текот на утрешниот ден ќе се одвива  владина акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “.

Ќе се чисти околината на  Охрид, и патните правци кон Кичево, Буково и Св.Наум. Граѓаните  недоволно информирани, а оние кои чуле за неа ја поздравуваат.

Акцијата за чистење на околината ја подржуваат  и охридските советници. Но, некои како Перо Петрески Калимеро  реагираат зошто таа не  е помасовна организирана како што беше акцијата  со садењето на садници.
Во акцијата „ Заедно за чиста и Европска Македонија“ на локално ниво е вклучено ЈП „Охридски комуналец “, во соработка со ЈП „ Македонија Пат “ и НП „ Галичица “.

Боро Павлоски, директорот на ЈП „ Охридски Комуналец “ потенцира дека тие ќе ја вршат координацијата за успешна акција и подршка на законот за јавна чистота и конкретна акција.

akcija evropska cista MakedonijaСпоред програмата за чистење на животната средина акцијата треба да се реализира на три патни правци на потегот од Подмоље до Охрид, Биљанини извори до  Св. Наум, Градски гробишта – Буково. Ќе се чистат и депониите со шут на просторот  кај Паднатите борци, Велестово, Рача и Коњско. Според протоколот е  предвидено да се вклучат во Охрид , министерот  Трајко Славески, во Вевчани и Дебрца Државниот секретар Дејан Паноски и во Струга Вице премиерот Абдилаќим Адеми.  

За  акцијата да има успешен ефект  се повикуваат активно да се вклучат и  граѓаните. Со тоа ќе се даде подршка кон новиот Закон за јавна чистота, кој стапува на сила од 22 септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top