Утре шпанската влада ја укинува автономијата на Каталонија

Шпанската влада соопшти дека утре ќе ја укине автономијата на Каталонија повикувајќи се на членот 155 од Уставот. Со ова Барселона, главниот град на покраината, каде што годишно се произведуваат 20 отсто од стоките и услугите во Шпанија, би можела да потпадне под директно управување на Мадрид.

 |   | 

Шпанскиот премиер Маријано Рахој утре ќе ги собере сите министри за да го активираат членот 155 од Уставот кој ѝ дозволува на централната влада да ја преземе контролата над која било од 17-те автономни покраини ако некоја од нив не се однесува во рамки на шпанскиот устав.

Членот 155 не е прецизиран, но во теорија му дозволува на Мадрид преземање на регионалната администрација и поставување нови службеници, преземање контрола над финансиите и полицијата и свикување предвремени избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top