Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.
Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.
Во предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише:
„Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската вода. Занимливо е да се забележи и неговиот однос кон природата и фото-претставите за неа. Мислам дека тој прави вонреден напор фотографијата сама да се избори за да стане модел на стварноста, природата непосредно да му позира и да му наметнува своја содржина, а тој само да ја надградува со своите знаења и вештина.
Оваа книга ни го причинува задоволството низ магичното фото-око на Зоран Летра да го обгрлиме Охрид со еден посебен поглед на целина која комплетно му припаѓа на градот и на неговата внатрешна биографија. Таа целина ќе ја согледаме низ три рефлексии.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град