Од утре помал ДДВ за хотелиерите

Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски.

 |  Татјана Маленкова  | 
sileks
Силекс

Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски.

Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема релаксираност во тој дел“, истакна менаџерот на хотел Силекс, Тодор Чочороски.

Чочороски додава дека и покрај тоа што оваа сезона цените во Охрид се покажаа како коректни и конкурентни за соседните земји, сепак мораше да се направи ваков потег, затоа што и онака давачките кои ги плаќаат се преголеми.

CocoroskiКога станува збор за цената на хотелскиот производ тоа е специфична работа, данок 18% , данок на имот, одреден процент за ЗАМ – за заштита на авторските права, одреден процент двачки кон државата, да не зборуваме за директните давачки, ако судиме колкава треба да биде цената на хотлскиот производ, би била толкава колку што некој неможе да ни ја плати, затоа велам дека ДДВ то е големо олеснување за нас“, додава Чочороски.

Директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски нагласува дека владината мерка намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 посто се однесува исклучиво за хотелските капацитети, а за останатите субјекти  понатака ќе се разгледаат и други мерки, додава тој.

Со оваа долго очекувана и најавувана мерка како и онаа со субвенција за странски гости, Владата очекува Македонија како туристичка дестинација да биде поконкурентна и поприфатлива за странските туроператори. Поприфатливи цени за нив  ќе значи и повеќе гости на охридско-струшкиот брег“, вели директор на агенција за промоција и развој на туризмот.

И не само менаџерот на Хотел Силекс, туку целата хотелска фела ја поздравува владината одлука за намалуваде на ДДВ. Тие воопшто на ова не гледаат како на задоцнета мерка, затоа што како што велат ова е еден закон кој ќе користи во иднина. „Од сега велат тие, може со поголема слобода и релаксираност да ги планираме нашите понуди за следните години“.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top