Денеска, директорот на Фондот, Миле Сугарев го информирал здружението дека на седницата на управниот одбор е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три).
Денеска, директорот на Фондот, Миле Сугарев го информирал здружението дека на седницата на управниот одбор е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во делот за покривање на трошоците за материјалите за редовните неделни преврски на пациентите да бидат на терет на Фондот. Досега пациентите издвојуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство. Овој документ е доставен до министерот за здравство, Венко Филипче за потпис, по што ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила. Исто така, Здружението добило уверување дека во најкраток временски рок управниот одбор на ФЗОМ ќе ги усвои и одобри и преостанатите барања кои се однесуваат на замена на опремата како и на набавките на ленти и апаратчиња за одредување на коагулацискиот статус на крвта на пациентите – информираат од Здружението „Храбро срце“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град