Педалинките да се стават во законска рамка за да можат да се контролираат и да се надмине горливиот проблем околу овие реквизити. Вакви се размислувањата на Капетанот на Капетанија на Пристаништа на РМ Горан Устијаноски. Плажите се преплавени од педалинки. Овие реквизити за забава на вода се опасни, а поголем број од нив и технички неисправни. Од Капетанија велат дека најголем број незгоди во Охридскот Езеро се случуваат токму на педалинките.
Педалинките и натаму остануваат опасни реквизити за забава на вода. Тие масовно се изнајмуваат на Охридското Езеро и речиси секојдневно ја загрозуваат безбедноста на капачите на охридско-струшките капалишта. Педалинките не ретко се возат во плиткиот дел од езерото, па капачите постојано мора да внимаваат да не се повредат од нив. Овие реквизити за забава на вода, според законот за внатрешна пловидба, кај нас и секаде во светот не подлежат на технички преглед од страна на регистар, надлежно, надзорно тело и Капетанија, открива Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија на пристаништа на Македонија. Додава дека педалинките се горлив проблем на кој треба да сериозно да се работи, дури смета дека потребно е да се стават во законска рамка.
„Клиентелата која што ги користи педалинките се обично деца кои што немаат деловна способност, најчесто немаат 18 години, тука во проблем влегуваме со издавачите кај кои што морам да кажам дека забележлива е една огромна неодговорност од нивна страна, многу од нив не сите се водени од економскиот момент да земат пари, да ја издадат педалинката, но, не обраќајќи внимание на нејзината техничка исправност, на бројот на лица натоварени на педалинката“ – вели Устијаноски.
За користењето на педалинките со апел излезе и ОО на Црвен Крст од Охрид. Претседателот Сашо Точков посебно за продолжениот празничен викенд кога во градов се очекуваат голем број гости со препораки за побезбедно користење на педалинките.
„Да се внимава од каде се изнајмуваат педалинките, дали се технички исправни, да разговараат со оној кој што ги изнајмува и секако да имаат елеци за спасување. Доколку се непливачи оние кои што сакаат да изнајмат, тоа да не го прават, односно ако го прават тоа да биде во близина на брегот односно во зоната на делување на спасителите да не се оддалечуваат како што имавме случај во Струга “ – предупредува Точко.
Последниот немил настан кога се удави 24 годишно момче во водите помеѓу машка и женска плажа Струга, кое се рекреирало на педалинка, беше пред десеттина дена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град