Уставниот суд им пресуди на локалните плански документации

Најновите измени веќе предизвикаа главоболки кај граѓаните и инвеститорите.

 |  Валентина Неловска  | 
gradbi
градби

Branko ArnaudovНа Уставен суд паднаа локалните плански документации од законот за просторно и урбано планирање. Најновите измени веќе предизвикаа главоболки кај граѓаните и инвеститорите. Од локалната самоуправа пак кај која се слева значителна сума на пари пооснов на комуналии не се многу загрижени. Началникот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој Бранко Арнаудов со краток комнетар што губи локалната со последните измени од Законот за просторно и урбано планирање,  локалната не губи ама губат инвеститорите.
Од друга страна планерите се жалат дека укинувањето на локалните  плански документации ќе се одрази  врз брзината на процедурата за градење. Објаснуваат дека со локалните плански документации работите се вршеле побрзо, но признаваат дека законски не биле издржани затоа што  преставувале план во план. Сепак се согласуваат дека градот со деталните урбанситички планови добива поголема прегледност на околината што не бил случај со парцијалните, локални  урбанистички докумнтации. Сега граѓаните или инвеститорите ќе мора сами да го финансираат изработувањето на деталниот урбанистички план. Во спротивно ќе мора да чекаат нивните потреби да дојдат на дневен ред со усвојувањето на годишните плански програми која ја работат урбанистите. Арнаудов појаснува дека со  најновите законски измени се укинуваат локалните  плански документации за подрачјата  каде што има урбанистички план. Онаму каде што нема урбанистички планови и се надвор од урбаните подрачја одредбите не се укинати ама не важат за објектите за домување.
Најновите законски измени ќе се применуваат од 7 февруари, а оние кои  веќе добиле решенија до овој датум ќе може да ги применат локалните плански документации. Архитектите и планерите, пак што се однесува за  постојаните измени во законите поврзани со градењето велат дека во моментов  е создаден голем хаос. Има многу брзи измени кои стручните лица не можат да ги пратат затоа што постапките одат бавно, а имаи заостанати работи по старите постапки. Додваат финасиските издадотоци пак  се посебна приказна.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top