Неодамнешната посета на градоначалникот Никола Бакрачески во Америка поточно во Њу Јорк и Њу Џерси беше со неколку причини. Учество на светскиот симпозиум за интервентна кардиологија, беше дел од делегацијата која присуствуваше на одржувањето на говорот на премиерот Никола Груевски на генералното Собрание на ОН и оствари средби со бизнисмени од Њу Џерси кои потекнуваат од Охрид.
Плодна посета на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во САД. Тој зеде учество на светскиот симпозиум за интервентна кардиологија, каде ги презентирал сите високи достигнувања на охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања, а со свои презентации се претставиле и неколку доктори од клиниката за кардиологија.
„Беше успешно претставен програмот во кој што морам со гордост да кажам дека Македонија е лидер во регионот и пошироко по застапеност на процедури кои се изведуваат со трансрадијален пат, порано како што и сите знаете сите процедури во интервентната кардиологија се изведуваа трансфеморално односно преку нога, сега сме лидери во регионот по застапеност на бројот на процедури преку рака односно преку трансрадијален пат“.
Градоначалникот Бакрачески беше дел и од македонската делегација која присуствуваше на одржувањето на говорот на премиерот Никола Груевски на генералното Собрание на ОН во Њујорк.
„Чест и задоволство е да се присуствува на најдобро структурираниот, нај аргументираниот и нај издржаниот говор што било кој македонски политичар до сега го искажал од јавна говорница“.
Во рамките на посетата на Америка, градоначалникот Бакрачески остварил средба со бизнисмените од Њу Џерси, на нивно барање. Тие сакале да ја слушнат програмата за работа на Локалната самоуправа во делот на туризмот како и во делот на инвестиции на малите и средни претпријатија. Бизнисменитие од дијаспората после долги години покажале интерес за проширување на нивниот бизнис во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град