Новините кои се воведоа во катастарсото работење во голема мерка придонесоа да се намалат сите слабости во претходното работење. Охридското одделение за катастар на недвижности, минатата година бележи голем успех во работата, односно годината е заокружена со решавање на сите предмети над 51 000.
Одделението за катастар на недвижности Охрид, минатата година бележи голем успех во својата работа. Од таму информираат дека во насока на одржување на постојана комуникација со сограѓаните, непосреден пристап и транспарентност во работењето успеале да ги решат сите предмети кои биле доствени до нив, односно над 51 000. Раководителот на одделението Ана Димитрова зборуваше за новините кои се предвидени да се реализират во 2014 год.
„Во претстојниот период на ниво на Република Македонија, меѓу другото предвидено е уште во Јануар месец пуштањето во употреба и на новиот ВЕБ ГИС портал, кој ќе е збогатен со нови содржини, ќе биде воведен нов електронски шалтер преку кој сите nотари, oпштини и геодетски фирми електронски ќе работат со катастарот, односно нотарите директно во електронскиот катастар ќе ги запишуваат договорите за купопродажба и хипотеките, а од друга страна системот на електронски дозволи на општините директно ќе биде поврзан со електронскиот шалтер на агенцијата, тука се и воспоставувањето на подземниот катастар или катастар на инфраструктурни објекти каде во Март е предвидено и издавање на првиот имотен лист, потоа масовната проценка на недвижностите со воспоставувањето на регистар на цени која ќе се реализира од месец Мај, потоа воспоставувањто на регистар на градежно земјиште, адресниот регистар и др“ – вели Димитрова.
Димитрова категорична дека новините кои се воведоа во катастарското работење во голема мерка придонесоа да се намалат сите слабости на претходното работење, но сепак нагласи дека треба и дополнителен ангажман за бесперекорно функционирње на охридското катастарско одделение.
„Факт е дека постојат уште моменти на кои што треба да се работи меѓутоа во иднина, и во насоката на катастарот да се преземат сите активности со кои што дополнително ќе се надминуваат сите проблеми во тековното работење“
Според очекувањата на Димитрова во 2014 година би требало да се заврши процесот на дигитализација на катастарските општини кој претставува обемен и важен процес кој ќе придонесе за уште поголемо скратување на роковите потребни за запишување на правата на недвижностите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град