Успешна акција на СВР Охрид

Успешна акција на СВР Охрид во делот на сузбивање на наркокриминалот.

 |  Татјана Маленкова  | 
fotografii
фотографии

Синоќа  во патничко моторно возило пронајдени се седум пакувања опојна дрога Марихуана. При акцијата од слобода е лишено едно лице, додека две се сеуште во бегство.

pres konferencijaПротив лицето Г.Р. роден 1983 година од Дебар, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава,поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во возилото пронајдени се седум пакувања опојна дрога Марихуана во вкупна вредност од околу 4.7 килограми. Се работи за чиста и високо-квалитетна дрога сместена под хаубата во страничниот дел од моторот наменета за нарко-пазарот во Охрид. Нејзината вредност изнесува околу 3000 евра.

Од СВР велат дека со оваа прекината е една алка од синџирот на поголема криминална група која подолг период пушта во во промет наркотични дроги, психотропни супстанции. Запленетат дрога била наменета за Охридскиот пазар.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top