Успешно партнерство меѓу ОУ „Григор Прличев“ и Гете институт

60 деца од партнерските училишта на Гете Институт во Македонија, Косово и Албанија учествуваа на јазичен камп во Охрид чиј домаќин беше ОУ Григор Прличев. Со подготовка на претставата  „ Авантурите на Момо во Охрид“ тиа покрај изучувањето на Германскиот јазик учеа и за различните култури на трите земји.

 |   | 

Училиштето „Григор Прличев“ годинава по втор пат беше домаќин на  јазично театарски камп на кој учествуваа 60 деца на возраст од 12 до 16 години од партнерските училишта на Гете Институт во Македонија, Косово и Албанија. Во режија на двајца театарски педагози од Германија учениците го разработија и адаптираа романот за деца и млади Момо  од Михаел Енде. Викендов во предворјето на црквата Св Софија ја изведоа завршната претстава  „ Авантурите на Момо во Охрид“ што претставува спој на три различни култури и вредности кои ги негуваат учениците и младите

„Многу ни се важни средбите на младите и затоа по втор пат овде во Охрид организиравме камп на кој учествуваат младите од повеќе земји. При тоа целта ни беше не само да споиме ученици од различни земји туку и од различни националности. Овде е важно што тие не го учат само Германскиот јазик туку учат и за други култури. “  -вели Тања Кригер Дир. на Гете Институт Македонија.

„ Идеите всушност се поттикнати од романот за деца Момо меѓтоа идеите, сцените се разработени од децата.  Пораката е дека времето е скапоцено и не треба да се троши на безвредни работи и да се ужива. “ – Гордана Вугерт Бабоска, Референт за образовна соработка -Гете Институт

Охридското основно училиште е  едно од трите партнер училишта на Институтот во Македонија каде се спроведуваат проекти од Иницијативата на германската влада  „Училишта: Партнери на иднината“.
ОУ „Григор Прличев“ од Охрид  покажува најдобри резултати на евалуациите кои ги спроведува институтот а интересот за изучување на Германскиот јазик постојано расте.

„Проектот Германски јазик од прво одделение за нас од Гете Институт е многу значаен бидејќи колку порано учениците почнат да го изучуваат јазикот толку е подобро. Ние поддржуваме вкупно 12 училишта гои го спроведуваат овој проект и не само што интересеот е голем туку и резултатите се големи бидејќи редовно спроведуваме  евалуација на нивните знаења. Интересот за изучување на Германскиот јазик е особено голем во Македонија бидејќи Германија е еден од најважните стопански партнери на Македонија. Со тоа Германскиот јазик веденаш после Англискиот е најизучуван јазик во земјата. – вели Тања Кригер.

Гете институтот обезбедува постојана обука на наставниот кадар по Германски јазик,  ги опремува училиштата со модерни и мултимедијално употребливи материјали за учење, стипендира ученици за изучување на јазикот во Германија, овозможува  полагање сертифицирани испити и
учество на јазични работилници и кампови.
Гете-институт поддржува околу 600 партнерски училишта во рамки на националните образовни системи во преку 100 земји. Јазичните сертификати на Гете-институт се признати во светски размери, а во образовните институции  на многу земји се прифатени како стандард.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top