Претседателот Сашо Точко истакна дека ова лето сите нивни тимови имале полни раце работа и за среќа ниту еден фатален исход.
Зад Цревниот крст од Охрид уште едно успешно лето полно со работа. Спасителите на планина и непристапни терени, спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст од Охрид, оваа туристичка сезона со рекорден број интервенции, речиси дупло повеќе од лани. Така Спасителите на планина кои го обезбедваа Европското првенство во прецизно слетување со параглајдер, имаа три посериозни интервенции и преку десет интервенции на укажување на прва помош на самите учесници.Спасителите на вода пак забележаа дваесет и три интеревенции на извлекување давеници од Охридското езеро и преку 350 интеревенции на укажување на прва помош. Објаснува претседателот на О.О. На Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко.
„Се помина без фатални последици ниту една жртва немавме, според статистиките најголем број интервенции имале спасителите кај Св. Наум на плажата блиску до вливот на реката Црн Дрим кај изворот, каде морам да кажам и покрај препораките од спасителите и забраната од тие капачи како каде да се капат, имаше шест интервенции таму“ додава тој.
Според статистиката додава Точко, голем е бројот и на интеревенции со непливачи од пловни објекти педалини, потоа несовесни капачи и капачи со здравствени проблеми. Медицинските тимови на Црвениот крст кои беа распоредени на големите културни збиднувања ова лето не забележаа некои посериозни интеревенции додава тој. Но најсериозен проблем е тоа што и оваа година дел од концесионерите, се провлекоа и не обезбедија услови за безбедно користење на капалиштата, потенцира Точко.
„За жал на 6-7 плажи од охридското крајбрежје недостасуваа реквизити и опрема за безбедно користење на тие плажи, но недостасуваа лежалки, шанкови и сите оние комерцијални потреби кои се од воторостепено значење насекаде во светот а кај нас се најважни работи, како да се заработата пари“ објаснува Точко.
Плажи кои ова лето не обезбедија услови за безбедно користење на капалиштата се Градската плажа, плажа Мизо, плажите кај Св. Стефан, плажата Атлантик и втората плажа кај Градиште, додава Точко. Тој истакна и дека Организацијата на Црвениот крст од Охрид продолжува со усовршување и надградба на нивните логистички и кадровски капацитети, се со цел нивно уште поуспешно функционирање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град