Успешно 51 –то издание на Фестивалот Охридско лето

На ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето,  директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното  во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohridsko leto
Охридско лето

MojsoskiНа ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето,  директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното  во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме.

„Беа реализирани 25 музички концерти, 10 драмски престави на 5 различни простори, 6 зиложби и една филмска проекција. Според податоците фестивалот го посетиле 20.000 гледачи со што е постигната и  рекордна постеност“, истакна Мојсоски.

Gordana Josifoska NedelskoskaМоја задача како креатор на музичката програма е да понудам што поквалитетни содржини, соодветни за реномето на фестивалот, а со годинешната програма тоа го испочитувавме, истакна Гордана Јосифоска Неделкоска. „Во програмата беа вклучени светски уметнички имиња, но  беа застапени и нови музички имиња,“ кажа Јосифова Неделкоска.

Gjorgi JoleskiИ драмскиот селектор Ѓорѓи Јолески е задоволен од она што го сработија на ова Фестивалско издание. Драмската програма ја имаше класиката во современо руво,  истакна  Јолески.

На бројните сценски простори почнувајќи од Античкиот театар, во просторот и предворјето на катедралната црква   Св. Софија,  Долни Сарај, во Ценатрот за култура, љубителите на музиката и театарот  проследија голем број познати, но и нови уметнички имиња.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top