Успешни но скромни

Хидробилошкиот институт со полни раце работа. Во моментов се работи на национални проекти.  Кралството Норвешка финасира проект тежок околу 150 илјади евра а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна. Првиот човек на инстутут најавува дека следната година ќе започне проет кој се однесува на утврдување на староста   на Охридското езеро.

 |  Татјана Маленкова  | 

ezeroХидробилошкиот институт со полни раце работа. Во моментов се работи на национални проекти.  Кралството Норвешка финасира проект тежок околу 150 илјади евра а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна. Првиот човек на инстутут најавува дека следната година ќе започне проет кој се однесува на утврдување на староста   на Охридското езеро.

Успешни но скромни. Хидробилошкиот институт работи на национални проекти, кои ги финасира министерството за образование. Внимание привлекува проектот финансиран од кралството Норвешка, вреден околу 150 илјади евра, а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна.

„Тој преокт е веќе започнат и го опфаќа, билошкиот мониторинг на Охридското езеро во соработка со Р Албанија. Извршители се Р Албанија и Р Македонија т.е институциите на универзитетот на Тирана и Хидробиолошкиот институт од Охрид“, истакна директортот Гоце Костоски.

Овој проект ни помогнува во билошкиот мониторинг, поточно во следење на разновидноста на живиот свет во езерото како и влијанието на зоогеографските промени кои влијаат на нив, додава директорот.

„Постои уште еден голем проскт кој треба да започне во 2011, 2012 год а се однесува на определување на староста на Охридското езеро. Прелиминарните истражувања по однос на овој проект веќе се направени од истражувачи од Германија. Најинтересно за нас со првичните сознанија е дека три пати имало тектонско померување на Охридското езеро. Во својство на седиментите откриена е лава по потекло од вулканот Вазуф. Се констатира дека тој вулкан бил најактивен пред 50 илјадо години“, додава Костоски.

Директорот вели дека  со прелиминарните истражувања вратени сме 150 до 300 илјади години наназад, а целта на проектот е да се вратиме до постанокот на Охридкото езеро во периодот од 3 до 5 милиони години наназад.
Директорот најавува дека проектот ќе трае 2 до 3 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top