Успешна прва половина на „Охридско лето“

Помина првата половина од најголемиот, музичко-сценски фестивал во земјава, манифестацијата „Охридско лето“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohridsko leto
Ohridsko leto

Ilija MojsovskiБогата програма и одлични реакции на публиката. Се потроши првата половина од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а првиот човек на фестивалот Илија Мојосовски, презадоволен од она што беше досега реализирано. Доказ за тоа  вели Мојсовски е и посетеноста на овие настани. Како и секогаш кога станува збор за манифестација од ваков калибар проблеми, големи и мали и кај нас има, додава тој. Меѓутоа ние, истите ги решаваме во од, брзо и навремено, а со една единствена цел, публиката да не почувствува дека нешто воопшто и се појавило како проблем.

„Мислам дека во досегашниот тек на „Охридско лето“таков проблем не беше појавен. Имавме мал проблем со времето за театарската претстава од Бугарија, бидејќи сцената беше многу комплексна, па имаше најава да дожд, затоа ние ја префрливме од предворјето на Св.Софија во Центарот за култура „Григор Прличев“, но мислам дека и самата публика уживаше во Центарот за култура „Григор Прличев“,како што уживале и актерите кои ги награди публиката после претставата, вели Мосјоски.

Trilogija Romana

Од навистина прекрасните проекти кои поминаа во овие 22 дена, треба да се издвои отварањето на фестивалот со грандиозниот проект „Трилогија Романа“, музичко сценски настап кој помина беспрекорно, и секако концертот на виолинистот Најџел Кенеди кој претставуваше своевидна атракција за охридската публика, која пак соодветно го награди квалитетот. Не смее да се заборави драмскиот дел на фестивалот, кој годинава како и годините наназад, нуди квалитетна програма. Пред се тука е премиерите на претставата „Свадбата на Фигаро“ на Драмски театар, потоа претставата „Геноцид 21“ и претставата на Сфумато театарот од Бугарија, кои публиката ги награди со долги овации . Кога сме кај драмскит дел мора да се спомне преставата која побуди интерес кај најмладата публика, тоа е„Алиса во земјата на чудата“ во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци, претстава за која се бараше билет повеќе, и една од фаворитите на директорот.

Genocid 21„Со нетрпение ги очекувам сите настани од втората половина на фестивалот, а можам да кажам дека многу сум задоволен од она што го видов досега, а ги видов сите претстави и концерти на сите навистина не само јас како личност и публиката уживше и мислам дека годинава квалитативно сме на едно високо рамниште и мислам дека така ќе останеме.“, додава директорот.

Втората половина на фестивалот ќе донесе исто така квалитетна програма . Така за почеток е најавен спектакуларниот концерт на осумте тенори со Макеоднската опера и балет. Овој настан организациски,со себе повлекува голема одговорност но тоа веќе не се проблеми туку предизвик и задоволство откако успешно ќе се реализира, вели Мојсовски. На 5-ти и 6-ти следуваат бесплатните  претставите за граѓаните на Охрид, кои ги прави тетатрот Атеље Кончоно од Пергамо Италија и кои ќе бидат на улиците и плоштадот во Охрид. И секако не смееме да го заборавиме она што ќе биде голем настан годинава, а тоа е за прв пат на „Охридско лето“ премиерата на Охридскиот народен театар со претставата „Кабаре Мистеризо“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top