Успешна прва година од работењето на новото раководство на МЈП „Проаква“

За една година исплатени заостанатите плати во работната единица „Водовод“ во Охрид и за прв пат после девет години оваа работна единица, покажа добивка во работењето од речиси два милиони денари. Меѓу приоритетите на новото раководство на претпријатието се набавката на основни средства.

 |   | 

За една година исплатени заостанатите плати во работната единица „Водовод“ во Охрид и за прв пат после девет години оваа работна единица, покажа добивка во работењето од речиси два милиони денари. Меѓу приоритетите на новото раководство на претпријатието се набавката на основни средства.

За само една година од работењето, новото раководство на МЈП „Проаква“ успеа во целост да ги исплати придонесите за здравствено осигурување на вработените и истовремено, исплатени се и поголемиот дел од заостанатите плати на вработените од работние едници од Охрид и Струга, истакна на денешната прес конференција директорт на МЈП Водовод Проаква, Владимир Алексијоски.

„Исплатени се во целост засотанатите плати во Р.Е.„Водовод“ и во Р.Е. „Водовод и канализација“ Струга, каде во моментот кога стапив на функција не беа исплатени десет, сега се две и Р.Е. „Колектор“ беше со девет заостанати плати, а во моментов се две неисплатени плати, кои ќе бидат исплатени во текот на тековната 2018-та година“ додаде Алексијоски.

Исто така тој посочи дека  во период од една година од неговото управување со претпријатието, се воведе реорганизација на наплатната служба преку активирањето на нова апликација, преку која значително е зголемен процентот на фактурирање на потрошена вода,а со што загубата на вода е намалена за околу 7%. Еден од приоритетите на новото раководство на претпријатието е набавката на нови основни средства.

„Набавен е камион во вредност од 1.700 000 денари, со кој на големо се намалија фактурите кои дотогаш ги правевме за носење на шут од тековното работење, а набавена е и машина за челно фузионо заварување во вредност од околу двеста илјади денари“ потенцира Владимир Алексијоски – директор на МЈП „Проаква“.,

Исто така во тек е и постапка за набавка на моторно возило пик-ап, кое од повеќе и е потребно на техничката служба, како и постапка за набавка на помал багер којшто и е потребен на техничката служба за интервенции на помалите тесни улички во градов, додаде Алексијески. Директорот задоволен од соработката со Фондот за комунален развој, како и со нивниот ангажаман околу изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а најави и санација на цевководот кај Подмолје со што конечно ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето на ова село.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top