Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.
За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите се исплаќаат навреме. Околу здравствената заштита, од здружението велат дека најголем проблем се јавува во руралните средини, кои се запоставени. Од оваа година солидарното осигурување не е повеќе во надлежност на здружението, но нема поплаки по тој основ. Соработката со локалната самоуправа се движи по нагорна линија, со Црвениот крст е одлична, исто така, соработуваме и со невладини организации како и со соседните држави, велат од здружението.
Во организација на здружението, овозможена е и дистрибуција на огревен материјал и прехранбени артикли. Соработката помеѓу фондот на пензионери и шумското претпријатие резултира со 20.000.000 денари остварен приход, велат од здружението. Проблемот кој настанал затоа што шумското претпријатие побарало доплата за местата кои се оддалечени повеќе од 7 километри е надминат и не е извршена доплата.
Оваа година одржани се повеќе трибини, а за првпат организирана е и свечена академија на ниво на Р. Македонија. Истата беше одржана на 20.09 и беше масовно посетена од пензионерите, како и гости од соседните земји.
Новина која ќе почне да се применува од 01.01.2011г е зголемувањето на членарината. Оваа одлука е донесена од страна на Сојузот на пензионерите на Р.М. Наместо досегашните 20 денари, истата ќе изнесува 30 денари. Пензионерите опфаќаат една петтина од населението во нашиот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град