„Се надевем дека годинава за Охриѓани и гостите приредивме достојна културна програма, не само на локално туку и интренационално ниво“, вели директорката на центарот Драгана Боцевска.
Вечерва во центарот уште едн музички настан,концерт „Дуо Пијано“ со Билјана Димовска и Татјана Божиновска.
„Центрот за култура Григор Прличев се пофали со успешно завршена година. Реализиравме многу промоции, концерти, хуманитарни концерти, драми, моно драми, докумнтарни филмови“, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцевска.
Таа ги издвои документарниот филм за Тоше Проевски, претставата која имаше огромна посетеност Итар Пејо, Турската драма од Гостивар.
Од концертите пак ги истакна хуманитарниот концерт на Борис Трајанов и Симон Трпчевски балкански музички корени, потоа македонско холанската вечер, музичко балетската вечер. Може да се пофалиме и со успешно реализирани изложби и промоции, вели Боцевска.
„Можеме да се пофалиме дека имаме одлична соработка со завод и музеј,библиотеката, општина Охрид, црвен крст, основните училишта како и невладините организации, но и со нашите гостување во државава но и надвор од неа“, вели Боцевска.
Богатата културна програма на центарот за култура ќе биде заокружена со новогодишниот концер на 25 ти декмври во 19 часот. На овој концерт пред присутните уште еднаш ќе бидат претставени активностите на центарот, но и ќе има богата музичка програма на која ќе гостува и Дедо Мраз.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град