Уште една успешнo спроведена крводарителска акција

Исклучително успешнo спроведена крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузиологија од Охрид, а се реализираше во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ .

 |   | 

Исклучително успешнo спроведена крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузиологија од Охрид, а се реализираше во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ .

Со почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, 61 хумани наши сограѓани од кои 8 млади, првократни крводарители, даруваа од драгоцената течност. Крвта ќе биде наменета за лекување на пациенти во здравствените установи во Охрид, но и за пациенти од Охрид кои се лекуваат на скопските клиники.

Сите оние кои прележале инфекција со Ковид-19 и сакаат да даруваат конвалесцентна плазма, тоа можат да го направат секој понеделник во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница Охрид, каде бесплатно ќе им биде определен и статусот на антитела на Ковид-19, велат организаторите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top