Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи.
Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две етапи и две групи. Првата група беше составена од 5 членови кои ќе земат учество на Државното првенство на 17 април, а возеа тренинг тура околу Охридското Езеро. На нив им се придружија и велоспедисти од клубови од Кичево и од Скопје, кои беа воодушевени од убавините на Охридското Езеро. Другата група со околу 35 членови, возеше до Поградец – Албанија каде оствари контакт со тамошни велосипедисти и притоа договорија заеднички тури во иднина. Целта и на оваа тура, покрај рекреацијата, беше да се подигне еколошката култура кај граѓаните за конечно да сфатиме дека местото на сметот и ѓубрето не е во природата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град