Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум.
Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, нивелира и оплемени просторот.
-Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„.
Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување и на останатите улици низ градов. Веќе завршиле со зазеленување на булеварот Железничка, а ќе работат и на средување на западниот влез во градов каде ќе се садат цвеќиња, трева, ниски дрвца и друго зеленило соодветно за тој терен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град